Се намалува бројот на нови заболени од грип во Кавадарци
04-03-2020 РЕГИОН

Околу 100 лица помалку нови заболени од грип се регистрирани минатата недела во Кавадарци споредено со претходната недела. Ова значи дека активноста на грипот почна да се намалува, велат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Минатата недела евидентирани се 386 нови заболени, а вкупниот број на болни од грип оваа сезона достигна 2313 лица. Најголем број заболени се од возрасната група од 15 до 65 години, а најмалку болни има кај постарите од 65 години “ информира д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Лекарите очекуваат дека и во наредните денови активноста на грипот ќе се намалува сооглед на повисоките температури на воздухот.

 

А.Д



Share

Додади коментар