Се намалува бројот на невработени во Кавадарци
15-04-2015 РЕГИОН

Повеќе од 11 илјади кавадарчани во изминатите години биле вработени информира раководителот на Центарот за вработување во Кавадарци, Благој Борисов. Тој нагласува дека и активните мерки за вработување кои ги промовира државата ги даваат очекуваните резултати и се во насока во на натамошно опаѓање на невработеноста.

„300 нови вработувања имаме  благодарение на активните мерки и политики за вработување лани и годинава. Моментално имаме 2200  актвини баратели и 1800  пасивни баратели на работа.  Ако направиме ретроспектива пред 10 години, тогаш  имаше 13 илјади невработени“ рече Борисов.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов вели дека на Кавадарци му се потребни уште инвестиции покрај Дрекслмаер кои исто така ќе дадат придонес во вработувањето.

„Според мое мислење Дрекслмаер реши еден голем проблем во Кавадарци. Можеби не идеален од аспект на примањата кои се таму, но од аспект на локалната самоуправа , тоа е  влез на околу 5 милиони евра во нашите домаќинства. И ако се гледа глобалната големата слика мислам дека тоа е еден од најпозитивните чекори во РМ. Покрај ДМ се отворија и други помали комапнии кои се прислуга на ДМ, а постоечките веќе вршат услуги за ДМ. Оној круг кој го повлече ДМ со големиот број на вработувања полека се затвора бидејќи се задоволуваат потребите од домашни фирми во Кавадарци. На Кавадарци сепак му се потребни и нови инвестиции. Можеби не толку големи, но инвестиции кои ќе останат десетици и повеќе години. За ДМ  имаме гаранција дека во Кавадарци ќе остане 10 години, потоа незнаме што ќе се случи“ вели Панов.

Деновиве пред работодавачите беа претставени најновите активни мерки и полтики кои ги нуди државата, а се исто така во насока на намалување на бројот на невработени. Од центарот за вработување велат дека работодавачите покажуваат интерес за нив и се евидентираат нови вработувања согласно овие мерки.

А.Д



Share

Додади коментар