Значително е опаднат бројот на нови заболени од грип, информират од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Последната недела биле евидентирани 41 лице со симптоми на грип. „Оваа сезона во Кавадарци вкупниот број на заболени од грип беше 3210 лица. Најмногу заболени или 50 отсто од вкупниот број болни беа регистрирани во месец февруари“ рече епидемиолог, д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје и нагласи дека и во наредните денови бројката на нови заболени ќе се намалува.
Oд 24 март до 30 март во Република Македонија пријавени се 677 новозаболени од грип, што е намалувaње од 41,6 отсто во однос на претходната недела и 50,4 отсто во споредба со истиот период лани, соопшти Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Oд 24 март до 30 март нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.
Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, покажува дека во февруари се пријавени најголем број случаи со симптоми на грип - 50,6 отсто од вкупниот број. Во јануари регистрирани се 24,1 отсто од заболените, а во март – 21,5 отсто.
Најголем број на заболени во текот на оваа сезона се регистрирани во Скопје (4.017) и во Прилеп (3.887), а најголем морбидитет
е регистриран во Кавадарци. Најмногу заболени се во во возрасната група од 15 до 64 години.

Додади коментар