Се модернизира градската депонија Мелци
23-09-2015 РЕГИОН

ЈП Комуналец годинава бележи неколку инвестиции на градската депонија Мелци. Таму веќе е извршено оградување, направен е систем за електрификација, за гасење на пожар, а деновиве е набавен и нов булдужер со кој полесно ќе се одржува депонијата.

 

„ Привршуваме со комеплетна обнова на возниот парк. Набавен е булдужер со 110 коњски сили. Вредноста е околу 7 милиони денари. На депонијата е направена уште една инвестиција. Извршивме комплетно оградување и електрификација со соларни панели со моќност од шест киловати.“ рече во изјава за КТВ, директорот на ЈП Комуналец, Илија Атанасов.

 

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов го поздрави обновувањето на возниот парк во ова јавно претпријатие и нагласи дека состојбите таму неможеле да се споредат сега и пред четири-пет години.

„Тоа што беше Комуналец пред четири-пет години и тоа што е сега се два различни појмови, како да разговараме за црно и бело. Како поранешен вработен во Комуналец, во минатото се сеќавам како ги крпевме старите булдужери. Дојде време да одбележиме набавка на ново „теге“ и тоа што беше потреба на градската депонија конечно да го решиме. ЈП Комуналец засега нема некои поголеми потреби од механизација. Наредната година најверојатно ќе набавиме еден самоподигнувач. Депонијата е во многу добра кондиција. Има и систем за гасење на пожар, но во изминативе неколку години нема регистрирано пожар на депонијата“ рече Панов.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар