Се крпеа ударните дупки на главната улица во Криволак
05-08-2016 РЕГИОН
Општина Неготино во координација со месното население изврши санирање на ударните дупки во Криволак. Санирани се оштетените места на асвалтниот коловоз од централното подрачје на Криволак па се до воeниот полигон.
По завршувањето на градежните активности ќе дојде до значително подобрување на условите за одвивање на сообраќајот на овој патен правец, а со самото тоа и зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот - информираат од Службата за односи со јавноста при општина Неготино.
Додади коментар