Со подобрувањето на временската состојба и создавањето услови за изведување на градежни работи, работници на ЈП Комуналец и Македонија-пат со асистенција на стручни лица од локалната самоуправа од денеска започнаа со активности за санирање на ударните дупки на улиците во градот.
Во првата фаза се санираат ударните дупки на двете главни улици во Неготино - Маршал Тито и Партизанска, како и потегот од почетокот на улицата Фемо Кулаков се до населбата Тимјаник, додека во втората фаза ќе се санираат оштетувањата регистрирани на сите улици во Неготино. Станува збор за ударни дупки настанати во текот на зимскиот период кога и најчесто доаѓа до оштетување на асвалтот на улиците, а по завршувањето на работите ќе се создадат услови за побезбедно одвивање на сообраќајот и зголемена безбедност на сите учесници во истиот.
Потребните средства за оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино и во првата фаза на предходно споменатите улици ќе бидат поставени 6 тони асвалт за санирање на ударните дупки.
Додади коментар