Се крпат ударните дупки во Кавадарци, а се обновува и сообраќајната сигнализација
04-09-2013 РЕГИОН

Општината Кавадарци интензивно работи на крпењето на ударните дупки по градските улици и на локалните патни правци. Во рамките на програмата за комунална изградба позиција за одржување на улици и патишта се инвестираат 3.000.000 денари од комуналната сметка на општинскиот Буџет. Парите се наменети за крпење на 2700м2 оштетени парки на  улиците во централното градско подрачје.

Откако ќе бидат санирани овие оштетувања, оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје ќе се префрли на позициите каде се регистрирани оштетувања на локалните патни правци кон сеата Дреново и кон Бегниште. Со ова крпење на ударните дупки ќе се подобри состојбата со проодноста на улиците и локалните патишта во правец на подобрување на безбедното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на програмата за комунална изградба општина Кавадарци интензивно работи на одбележување на хоризонталната  сообраќајна сигнализацина на улиците во градот и на локалните патни правци со асфалтна подлога. Општината за оваа намена ќе потроши 800.000 денари од Буџетот од позициите за комунална изградба.

Оперативата на фирмата „Виа сигнал“ од Скопје која го доби тендерот за оваа намена веќе ги заврши работите на одбележување на пешачките премини и на рабниците на двата кружни тока при пто рабниците беа офарбани со жолта и црна боја согласно прописите а зебрите со бела боја. Иасто така со средна бела линија е одбележан и локалниот патен правец  Кавадрци –Ресава во должина од 6,3 километри. Досега се завршени 1400м2 од вкупно предвидените 4 700м2  површина на која треба да се покрие со боја.

Веднаш по крпењето на ударните дупки на улицата „Илинденска“ ќе започнат работите на одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација а со истат ќе бидат опфатени и сите приклучни улици. Во наредната фаза со бела боја ќе се одбележи и средната бела линија на локалниот пат Марена –Сопот, а потоа ќе се пристапи кон обновување на хоризонталната сигнализација на автобуските и такси стојалиштата кои ќе бидат одбелеќани со жолта боја.



Share

Додади коментар