Во тек е крпењето на ударните дупки на повеќе регионални и локални улици во градот. Како дел од програмата за комунално уредување во делот на интервенции во редовно санирање на мали оштетувања на улиците општината Кавадарци од Биџетото издвои 1.500.000 денари. Со ова сума на пари ќе бидат санирани оштетувања со вкупна површина од 2.050м2 на дваесеттина улици во градското подрачје.
Изведувач на работите е фирмата „Изолација“ од Скопје која во наредните денови ќе треба да изврши асфалтирање и на поголем дел на улицата „Мирче Ацев“ на потегот од спојот со Ул „7Април“ до спојот со ул. „Максим Горки“. На оваа илица се обновува најоштетениот дел од асфалтот и тоа на големата угорница.
Со овие интервенции на асфалтните површини во градот во одредена мерка ќе се подобри безбедното одвивање на сообраќајот, апред се ќе се намали штетното влијание на ударните дупки врз возилата, како и револтот на возачите.
Додади коментар