Улицата „Илинденска“ во Кавадарци денеска претпладне беше затворена за сообраќај. Од утринските часови таму екипи на ЈП Комуналец, работна единица „Паркови и зеленило“ ги сечеа сувите и високи гранки од дрворедот, со што ќе изврши подмладување на стеблата.
„ Тоа е дел од нашата обврска за одржување на овој дрворед. Со ова поткастрување вршиме подмладување на дрвните садници кои што се од видот јапонски багрем. Околу дваесет години овој дрворед не е обновен. Има доста суви и високи гранки кои им сметаат на станарите кои живеат во зградите, па затоа со одлука на сите надлкежни структури донесовме започнавме со средување на дрворедот. Со оваа активност ќе се спречат штети врз паркираните коли, но и ќе се избегнат евентуални повреди на пешаците при силни ветрови и други непогодни временски прилики“ рече раководителот на „Паркови и зеленило“, Ратка Мукаетова.
Таа нагласува дека граѓаните не треба да стравуваат оти со поткаструвањето се прави штета на дрворедот и дека во текот на летото на главната улица во Каваарци ќе нема сенка, напротив дрвјата ќе биле во многу подобра кондиција.
А.Данов
Додади коментар