Се зголемуваат паркинг местата во Велес
17-06-2015 РЕГИОН

Се зголемува бројот на места за паркирање во центарот на градот. За околу десетина дена ќе заврши изградбата на паркингот кај малото мовче.  Поранешниот простор - неуреден и узурпиран прерасна во паркиралиште за околу 60-тина возила. Според проектот на локалната самоуправа, овој простор е предвидено и да се осветли.. Градоначалникот славчо чадиев вели дека со изградбата на овој паркинг ќе се реши проблемот со паркирање во центарот на градот. Заедно со паркингот кај центарот за вработување се обезбедени околу 200 паркинг места.

 

Од локалната самоуправа велат дека велес е меѓу ретките општини во државата каде паркирањето е бесплатно.. Инаку според општинските власти, со изградбата на новиот паркинг ќе се стави крај на сообраќајниот метеж во центарот на градот.. Градоначалникот чадиев смета дека од двата паркинга до објектите во центар може да се пристигне многу брзо..

Според плановите на локалните власти, нов паркинг е предвиден и во новиот дел од градот. Паркиралиште ќе се гради зад маркетот „жито“ кај Авона. 

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар