Се зголемува бројот на деца со аутизам
02-04-2015 РЕГИОН

Се зголемува бројот на деца со аутизам и неопходно е да се подигне свеста во јавноста за нивните потреби.. 2-ри април, се одбележува како светскиот ден на аутизмот.. Семејствата кои имаат вакви деца велат дека сеуште е присутно мислењето оти аутизмот е болест.. Додаваат дека не е лесно да се одгледува дете со аутизам..  

Светскиот ден на аутизмот се одбележа и во велес.. Во младинскиот парк преку игра и забава се испрати пораката дека аутизмот не е болест. Тоа е наруѓување на невролошкиот  развој кој се одликува со намалена способност за комуникација и социјализација.. Токму поради ова неопходно е поголемо трпени за воспитување на овие деца.. Ова го потврдува и волонтерот на мировниот корпус кој работи со децата со аутизам..

Децата со аутизам се уште тешко се прифаќаат во редовните училишта.. Поради ова тие мора да посетуваат посебен образовен систем.. Од училиштето маца овчарова велат дека во државата нема точна бројка на деца со аутизам..

Инаку со поддршка на локалните власти, веќе трета година во велес работи и дневен центар за деца со аутизам.. Градоначалникот славчо чадиев вели дека и во иднина општината ќе продолжи да ги поддржува проектите чија цел е подобрување на социјалниот живот на овие деца..

Инаку во рамки на одбележувањето на светскиот ден на аутизмот, вечерва, зградата на новиот тетар ќе биде освтлена во сино.

Зоран Јаневски 

 



Share

Додади коментар