Се згоелмува бројот на болни од грип во Велес
17-02-2015 РЕГИОН

Расте бројот на заболени со грип во Велес . Според евиденцијата на Центарот за јавно здравје, последните податоци покажуваат дека моментално во градот има регистрирано 70 случаи. Ова е зголемување за 30 пациенти во период од две недели. Сепак епидемиолозите објаснуваат дека бројката најверојатно е многу поголема оти дел од заболените се лекуваат сами. Инаку кај матичните лекари е зголемен бројот на пациенти кои доаѓаат со симптоми карактеристични за вирусот. Сепак и покрај порастот велат дека бројот на заболени не е алармантен..

Висока температура, омалаксаност, гадење – ова се најчести симптоми на грипот. Поради нив, дел од регистрираните случаи побарале на неколку денови да користат и боледување..

Според лекарите, променливото време е главна причина за појава на грипот.. Како најдобра заштита од болеста се препорачува избегнување на затворени простории во кои престојуваат повеќе луѓе, пиење топли напитоци и внесување на здрава храна..

Инаку поради сериозно нарушување на здравствената состојба од вирусот на грипот, голем дел од заболените се пратени на болничко лекување.. Според податоците од велешката болница, на инфективното одделение моментално се лекуваат 30-тина пациенти.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар