Се зацврстуваат лантерните - ќе се поставуваат сообраќајни знаци
23-08-2019 РЕГИОН
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ работеше на зацврстување на конструкцијата на новите лантерни на семафорите каде треба да се постават соодветни сообраќајни знаци.
Службите на општината задолежни за сообраќајот изготвија информативни табли со кои ќе ги известуваат возачите за приортитетните правци, како и за поважните објекти, институции и локации во градот.
Со ова целосно ќе се заокружи проектот за реконструкција на семафорите на раскрсниците кај Домот на културата, старата автобуска и пред училиштето „Гоце Делчев“.

Додади коментар