Се заменуваат азбестно цементните цевки од водоводната линија во Кавадарци
11-03-2015 РЕГИОН

Со цел подобро снабдување со вода ЈП Комуналец Кавадарци продолжува да го реализира проектот за промена на водоводната линија. Се заменуваат азбестно цементните цевки со нови, а се менува и профилот на цевките. Овој проект на Комуналец има за цел континуиран квалитет во водоснабдувањето.

„Оваа година актцентот го ставаме на менување на азбестно-цементните цевки. Работиме на потегот   од училиштето „Гоце Делчев“ до  фабриката „Дрекслермаер“.  Промена се врши на цевководот во должина од  2,5 км, а за оваа инвестиција ќе бидат потрошени  12 милиони денари.  Со новите цевки го подигаме и профилот од 200 на 250 за да одговориме на зголемените потреби на индустријата“ рече директорот на ЈП Комуналец, Илија Атанасов.

Планот на ЈП Комуналец е да се промени целата водоводна линија и азбестно цементните цевки да станат минато.

„ Останаа уште 20% за замена. Понатаму ке работиме на ваташката линија околу 700 метри. Имаме барања и од селските населби,во теке  изработка на проектна документација за селото Сопот“ рече Атанасов.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов е дециден дека замената на азбестно цементните цевки со нови ПВЦ се врши исклучиво поради дотрајаност на водоводните линии, а не поради штетност на овие цевки.

„Откако го решивме деценискиот проблем со водоснабдувањето и сега има квлаитетно водоснабдување во градот и населените места,   ЈП Комуналец и локалната самоуправа  ќе бидеме насочени кон реконструкција на дотраените азбесно цементни цевки. Со финансии на Комуналец се работи на промена на цевководот кој  го поврзува Кавадарци со  Росоман и на некој начин им ја подобруваме состојбата со вода и на Росоман. За пормена на цевките имаме обезбедено пари и во буџетот“ вели Панов.



Share

Додади коментар