Се закројуваше на плантажите на „Душан Ќириќ“
14-02-2015 РЕГИОН
Продолжува традицијата на Душан Кириќ Росоман со сите верувања и обичаи да се слави празникот на лозарите Св Трифун. Така беше и денеска на свеченото закројување на лозовите плантажи каде на оваа фирма повторно и се придружи и Локалната самоуправа на чело со градоначалникот Стојанче Лазов. Свештените лица од Црквата Св Тројца во Росоман сопственикот на Душан Кириќ, Ќире Шошев вработените и градоначалникот Лазов закроија и посакаа бериќетна и плодна година.
По традиција славењето на Св.Трифун по чинот на закројување продолжи со заедничка веселба во халите на Душан Ќириќ каде освен вработените присутни беа и претставници на повеќе министерства и амбасади.
M.Mладенова

Додади коментар