Се доградува патот до селото Фариш
14-10-2013 РЕГИОН

Механизацијата на „Градба Промет“ деновиве интензивно работи на доизградба на патот до селото Фариш во должина од 1200 метри. Овој пат се асфалтираше пред неколку години но не беше целосно изграден со самото село. Сега со средства од општинскиот буџет и со средства од Агенцијата за рурален развој ќе се доизгради патот и до селото ќе се стигнува по асфалтен пат.

За оваа инвестиција ќе бидат потрошени над 8 милиони денари.

Градоначалникот Александар Панов беше во посета на селото Фариш каде се извршуваат овие градежни активности.

А.Д



Share

Додади коментар