Се гради тротоар на дел од улица „Дисанска“ во Кавадарци
01-06-2018 РЕГИОН

 

Во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба, Oпштината Кавадарци започна со проектот за изградба на дел од тротоарот на ул. „Дисанска“.


Се работи на подготовка, тамопнирање и поплочување на површина од 500м2, со приоритет на страната каде се наоѓаат индивидуалните станбени објекти.


Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Ас Машини“ која согласно проектот покрај поплочувањето треба да вгради и 220 метри големи и мали ивичници.


За оваа намена општината инвестира 1.050.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комунална изградба.


По реализацијата на овој проект, општината на овој дел од улицата ќе обезбеди понормални услови за движењето на пешаците во овој дел на населбата „Парк“.



Share

Додади коментар