Започнати се и интензивно течат градежните работи за изградба на тротоар кај Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Станува збор за проект кој е финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино и со истиот се предвидува изградба и уредување на тротоарот во должина од 160 метри.
Во исто време, во координација со локалното комунално претпријатие и со механизација и работна рака обезбедена од ЈП„Комуналец“ се врши расчистување на сметот на постоечкиот тротоар лоциран во самото средно училиште.
Во изминатиот период за времетраењето на летниот распуст во ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино беа реализирани повеќе активности и зафати, како на училишната зграда, така и во училишниот двор.
Меѓу другото, според зборовите на директорот Петар Мантев, со бекатон коцки на влезот во училиштето изградена е пешачка патека и скали на површина од околу 120 метри квадратни од страна на улицата „ЈНА“ со што се создадени услови за зголемена безбедноста на учениците при нивното доаѓање на настава.
Паралелно, извршена е изградба и на паркинг-простор на предната страна на училиштето на површина од околу 100 метри квадратни со што просторот за паркирање е зголемен за нови 7 возила, со што пак се елиминира можноста за влегување со возила на влезот каде што влегуваат учениците, кои и во овој случај ќе бидат побезбедни. Мантев информираше дека финишираат и во секој момент се очекува да завршат градежните работи за уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Д.Дисан.

Додади коментар