Се гради потпорен ѕид кај зградите „Силекс“
13-11-2018 РЕГИОН

 

Во фаза на реализација е уште еден комунален проект на општина Кавадарци. Градежната оператива го гради потпорниот ѕид на дел од улицата „Страшо Пинџур“ спроти комплексот згради „Силекс“.

 

Објектот е во должина од 14 метри и висина од 2,75 метри, со намена за спречување на ерозија и лизгање на земјиштето под објектите изградени над него. За негова изградба од буџетотсе инвестираат 628.000 денари, во склоп на програмата за комунална изградба.

 

Со овој проект општината овозможува побезбедно движење на пешаците и на сообраќајот во овој дел на една од најфрекфентните регионални улици во Кавадарци - информираат од општинската прес служба.



Share

Додади коментар