Се гради пешачката патека во Ваташа, продолжува санацијата на полски патишта
06-05-2020 РЕГИОН
Градежната механизација е присутна на повеќе локации во општина Кавадарци, информираат од локалната самоуправа.
Се работи на пешачката патека во селото Ваташа, а во селото Возарци се санираат полски патишта.
Синоќа, дежурните екипи, вршеа обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на ул.Слога, а во текот на вчерашниот ден, вработени од локалната самоуправа, вршеа дезинфекција на сите јавни институции.

Додади коментар