Се гради мини парк зад „Лепотиците“
29-02-2016 РЕГИОН

Временските услови дозволуваат непречено да се реализираат предвидените активности со програмата за комунално уредување на општина Кавадарци. Просторот позади зградите „Лепотици“ кој повеќе пати се претвараше од несовесни граѓани во дива депонија, сега се адаптира во простор за рекреација на најмладите кои живеа во тој дел од градот. Се гради забавен парк, летниковец, а наскоро овде ќе биде изграден и мини пазар.

 

„Наместо деловно трговски центар за кои беа против дел од овие граѓани одлучивме да изградиме мини забавен парк.  Со помош на Вардарски плански регион градиме летниковец. Партеното уредување ќе чини 1,5 милион денари. Уште толку планираме да инвестираме за хортикултурно уредување. Во тек е тендерот за осветлување на овој простор и за изградба на мини пазар. За три – четири месеци овде ќе биде изграден мини пазарот за кој трезгите се веќе набавени“ рече Панов.

 

Покрај на оваа, се работи и на други позиции во општината. Се привршуваат градежните работи во селските месни заедници. Градоначалникот Панов најави дека секој погоден момент ќе се користи за комунална изградба.

„Со отварање наа асфвалтните бази ќе започне уредувањето на влезовите во градот. Работиме и на позиции во неколку селски месеци. За мене симбол за комунална изградба е асвалтирањето. Ќе продолжиме со асвалтирање на неколку улици кои се подготвени за асвалтирање“ информира градоначалникот Панов кој денеска беше на терен да согледа како се одвиваат градежните активности.

 

Апелот кој треба да се упати до граѓаните е да бидат одговорни кон ваквите обејкти кои ги гради општината и се наменети за урбано живеење на сите граѓани, а не се наменети за поединици и нивните фрустрации и малограѓански однесувања. Потребно е сите да го дадат својот придонес кон заштита на ваквите објекти кои првенствено се наменети за најмалдите. Она што денес нашата камера го забележа, а е пример за несовесно однесување  е пренаменување на игралиштето во паркинг простор. Иако имаше слободни паркинг места подалеку од спортското игралиште сепак, некои возачи одлучиле да го попречат просторот за игра на најмладите.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар