Се бара враќање на падарската служба
11-09-2018 РЕГИОН

 

   Да се вратат падарите како чувари на земјоделските имоти, ова е целта на Иницијативата за враќање на Падарската служба во Кавадарци. Поранешниот раководител на овој сервис на земјоделците, Трајко Тасев денеска информираше дека ја подготвуваат целокупната документација во врска со оваа иницијатива, која ќе ја достават до кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци, но и до надлежни државни органи.

 

   -Сакаме да ја вратиме службата која некогаш со седум падари за одредени реони, се грижеше за имотите на земјоделците. Затоа што во нејзино отсуство, изминативе години, според нашите сознанија, се зголеми бројот на кражбите на земјоделски производи и полски куќички, соопшти Тасев.

 

   Според него, сеуште се размислува околу финансирањето на службата. Најверојатно, иницијаторите за враќањето на падарската служба, ќе побараат таа да се финансира од три извори. Дел од државата и од општината, а дел од самите земјоделци.

 

С.Д



Share

Додади коментар