Се асфалтираше крак од ул „Црноречка“
23-06-2017 РЕГИОН
Оперативата на градежната фирма Урбан Инвест извврши асфалтирање на 200 метри должина на крак од улицата „Црноречка“.
Општина Кавадарци во овој проект вложи 1.200.000 денари, пари од оперативниот буџет, предвидени во програмата за комунална изградба.
Овој крак на ул „Црноречка“ е дел од улицата која се спојува со региопналниот пат Кавадарци-Прилеп кај „Југокомерц“. - информираа од прес службата при општина Кавадарци.

Додади коментар