Се асвалтират улици во Кавадарци
31-07-2015 РЕГИОН

Денеска оперативата на „Урбан Инвест“ од Кавадарци заврши со поставувањето на нов слој асвалт на улицата „Блажо Тодоровски“ со вкупна површина од 540 м2 и во должина од 100 метри. Поставен е потрошен таканаречен абајуќи слој на асвалт со дебелина од 5 сантиметри. За оваа намена општината инвестираше вкупно 840.000 денари.

Претходно истата градежна фирма заврши со работите на пробивање и поставување нов слој асвалтна подлога на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“. На оваа улица се постави асвалт со дебелина од 7 сантиметри на површина од 350 м2 , а со вкупна должина од 70 метри. Општината за оваа намена инвестираше 700.000 денари. Прите се обезбедени од сопствениот Буџет, согласно програмата за комунална изградба за 2015 година, информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

За утре се најавува  поставување на нов слој на асвалт на улицата „Пролетерска“ со што ќе биде заокружено асвалтирањето на три улици во западниот дел од Кавадарци.

Општината најавува засилена градежна активност и во наредните два месеци август и септември.

 



Share

Додади коментар