Се асвалтира улицата „Диме Поцев“ во Кавадарци
03-04-2015 РЕГИОН

По завршувањето на целосната реконструкција на подземната инфраструктура денеска се изведуваа завршните работи со асфалтирање на улицата „Диме Поцев“ во Кавадарци. Се работи за позиција од програмата за комунално уредување.

 

„Улицата е со должина од 110 м. Се постави асфалтен слој од 500 м2 во дебелина од 7 см. Претходно беше извршена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа“ информираа од Службата за односи со јавноста при Локалната самоуправа Кавадарци.

 

Градежните работи ги изведува фирмата „Лабино Трејд“ од Гостивар која го доби тендерот. Изведувачот вели дека улицата „Диме Поцев“ е тешка за работа сооглед дека истата има 12% нагорнина и на одреден дел работниците морале да интервенираат  рачно, бидејќи не се работело со „асвалтерката’.

А.Д



Share

Додади коментар