„Граѓаните осиромашуваат, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат“ рече на денешната прес конференција претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев.
(интегрален текст од прес конференцијата)
Додека лозарите се соочуваат со најтешката година при откупот на грозјето и неизвесна е нивната егзистенција, затоа што родот им скапува на нивите. Додека работниците од Кавадарци и Тиквешијата работат во приватни и странски компании за едвај 9.000 денари, и тоа за викенд и празници. Претседавачката на Совет, Горица Пеливанова во анкетниот лист има пријавено три стана во Скопје и два во Кавадарци во вредност од 536.000 евра. Според моменталната евиденција на Катастар, Пеливанова поседува два стана во Скопје и два стана во Кавадарци.
Зошто Пеливанова не пријавила промена на имотната состојба со продажбата на станот во Скопје во вредност од 250 илјади евра?
Станови во Скопје се омилен начин на трупање на богатството на поединците од ВМРО-ДПМНЕ.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ташев станал сопственик на два стана од 2009-2016 година, во Кавадарци и Скопје. Становите се со вредност од над 80 илјади евра, пријавени на име на неговата сопруга.
Зошто Ташев неја пријавил промената на имотната состојба?
Граѓаните што едвај врзуваат крај со крај, прашуваат како функионерите на ВМРО-ДПМНЕ успеале да заштедат стотици илјади евра за станови во Скопје?
Државна комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на овие лица и да превземе соодветни законски мерки.
На 11 декември, граѓаните ќе им кажат збогум на корумпираните и истрошени политичари од ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат чесни, одговорни и способни луѓе кои што ќе донесат подобар живот за сите.

Додади коментар