СДСМ: „Панов да одговори каде се потрошија 80 милиони евра, пари на граѓаните“
13-03-2017 РЕГИОН

Од општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција го прашаа градоначалникот Александар Панов ѕа што биле потрошени 80 милиони евра во изминатите осум години од неговиот мандат,

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци не е направен ниту еден капитален проект“ рече меѓу другото претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев.

 

 

(интегрален текст од пресот)

Почитувани сограѓани, изминативе неколку дена, сегашниот градоначалник во заминување Александар Панов, излезе со неколку преса, каде се обидуваше да го презентира сработеното за неговиот осум годишен мандат. Така, во недостиг на крупни капитални проекти и инвестиции, кои беа ветувани во неговата програма, тој се обидува кречењето и промената на кровот на неколку училишта и крпењето на дупките низ улиците, да го претстави како проекти кои тои ги сработил.

 


Сакаме да го прашаме Панов, како тоа со општински буџет од 10 милиони евра годишно или 80 милиони евра за 8 години мандат, неговиот најкрупен капитален проект се сведе на еден кружен тек? Бараме Панов да одговори каде се потрошија 80 милиони евра пари на граѓаните на Кавадарци? Бараме да посочи еден крупен капитален проект кој општина Кавадарци го остварила во изминатите 8 години под власта на ВМРО-ДПМНЕ.


Од друга страна, сакаме да му одговориме дека сите училишта, болницата, спортските објекти и сали, каналите и мрежата за наводнување, булеварите и тротоарите, но и сите останати поважни капитални објекти во Кавадарци, кои тие не можат ни да ги одржуваат, беа направени или во времето на комуњарите, како што тие го нарекуваат, или во времето на СДСМ. Но, ниту еден поважен капитален објект во Кавадарци не е направен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните тоа добро го знаат.
Затоа доста е од лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Панов. На Кавадарци му се потребни промени. На Кавадарци му треба одговорна локална власт која ќе работи единствено во интерес на граѓаните.



Share

Додади коментар