Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, честитајќи им го празникот на лозарите, во изјавата за медиумите нагласи дека никогаш повеќе немало да се повтори катастрофата од миантогодишната берба на грозје.
(интегрален текст од изјавата на Ѓорѓиев)
Денеска е Св. Трифун, препознатлив празник за Кавадарци и Тиквешијата и празник кој се слави како заштитник на лозјата. На овој ден ги закројуваме лозјата и си посакуваме бериќетна година.
Дозволете ми од мое лично име и од името на општинската организација на СДСМ од Кавадарци, на сите лозари и лозаро-производители да ви посакам успешна и бериќетна година. Се надевам дека веќе никогаш нема да се повтори бербата од 2016та, која беше најлошата година за лозарите, можеби и во последните 30 години.
И тоа не поради некаква природна непогода, туку поради фактот што половина од грозјето остана или необрано и скапа на нивите, или се свари по дворовите како ракија. Винарските визби одбија да го откупат родот на лозарите под изговор дека имаат вишок на грозје и проблем со пласманот на виното. Владата наместо да им помогне на лозарите, како во секоја европска земја, ги субвенционираше визбите со 3 денари по килограм грозје, мерка што не донесе скоро никаков резултат.
Лозарите изминатата година беа измамени и оставени на цедило. Нивниот труд и мака останаа залудни. Ќе кажеме само едно. Веќе никогаш да не се повтори ваква власт.
Лозарите веќе никогаш нема да бидат оставени на цедило. Државата ќе биде таа која, доколку има вишок на грозје кое нема да се откупи, ќе интервенира и ќе го откупи грозјето. Во Планот за Живот во Македонија, предвидени се 6 милиони евра годишно како интервентен фонд за подршка на пласманот.
Исто така, предвидуваме и формирање на цената, неколку месеци пред бербата.
Затоа, почитувани лозаро-производители и сограѓани,
Ве охрабрувам да бидете оптимисти. Во Македонија доаѓа живот! Наместо страв и заплашување, нудиме надеж, но и конкретен план за подобрување на животот на лозарите, но и на сите останати граѓани на Македонија.
Нека ни е бериќетна 2017-та година!
Додади коментар