Општинската организација на СДСМ Кавадарци по повод денот на ослободувањето на Кавадарци, 7 ми септември упати честитка до сите граѓани
(интегрален текст)
Дозволете од името на Претседателот на Општинската Организација г-дин Горан Тодоров и Општинската Организација на Социјалдеморкатскиот Сојуз од Кавадарци, да Ви го Честитам , Денот на ослободувањето на град Кавадарци 7-ми Септември, и Денот на Независноста на Република Северна Македонија 8-ми Септември.
Двата датуми иако се однесуваат на различни временски периоди, претставуваат дел од заокружувањето на процесот на македонскиот народ за создавање на самостојна држава. Првиот како дел од борбата за слобода против фашистичкиот окупатор, а вториот како ден во кој го остваривме нашиот вековен сон за независна и самостојна држава.
Почитувани сограѓани,
Денешниот ден, историски е многу значаен за Нас кавадарчани. Пред точно 75 години од далечната 1944 година, единиците на Деветата македонска бригада го ослободуваат нашиот град.
Денес се навршуваат точно 75 години од одржаните говори на Најдо Стаменин – Орлов командант на Деветата македонска бригада и Ристо Стојанов – Железни тогашниот политички комесар, кога на организиран митинг го прогласуваат Кавадарци за Слободно.
Нашите предци биле храбри, одговорни и одлучни луѓе.
Да живее Слободно Кавадарци!
Да живее Слободна Република Северна Македонија!

Додади коментар