СДСМ: Честит 7 ми септември
07-09-2017 РЕГИОН

 

Почитувани сограѓани, нека ни е честит денешниот празник 7ми септември, денот на ослободувањето на Кавадарци. Овој ден вечно ќе остане запишан во историјата на Кавадарци и во колективната меморија на Кавадарчани како ден кога Кавадарци се ослободи од фашистичкиот окупатор.

 

Борбата против фашизмот беше и борба против насилството, против омразата, против уништувањето на различностите, и против загушувањето на слободата. Никогаш повеќе да не дозволиме насилството и омразата да завладеат во нашиот град и во нашата татковина. Наместо насилство и омраза, да покажеме взаемна почит и солидарност. Бидејќи само така ќе може заеднички да живееме во една поубава иднина - се вели во честитката по повод денот на ослободувањето на Кавадарци од ОО на СДСМ.



Share

Додади коментар