СДСМ: Хаос во болницата во Кавадарци
19-02-2016 РЕГИОН

Општинската организација на СДСМ Кавадарци на прес конференција обвини за лоши состојби во болницата во Кавадарци. Го пренесуваме интегрално текстот од прес конференцијата.

 

Хаосот што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го направија во здравството се случува и во Градската болница во Кавадарци.

Константната негрижата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните придонесе за катастрофалната состојба во оваа Болница.

Болницата се наоѓа во огромни финансиски долгови и нема средства за тековно работење. Греење нема, па пациентите додека престојуваат мора самите да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Во болницата во Кавадарци нема доволно лекови и медицински помагала, пациентите мораат сами да си ги купуваат. Нема чаршави, навлаки, перници, кебиња.... Хигиената е на лошо, крајно незавидно ниво.

Оваа Болница има недостаток на опрема како што е КТМ, гинеколошка сонда за контрола на бременост, лапароскоп, ренген апарат и ехо –апарат кои се неопходни за фунционирање на оваа болница. Дел од набавената опремата до ден денес не е ставена во употреба.

 

Во моментот има само еден ренген апарат и еден ехо-апарат коишто ги користат повеќе доктори од различни одделенија.

Болницата во Кавадарци со години има недостаток на лекари. Ренгенолози и анестезиолози доаѓаат од други градови. Има само еден гинеколог. На повеќе одделенија нема дежурства, па пациентите се приморани да патуваат до Скопје.

 

Оваа Болница опслужува повеќе од 70.000 пациенти и нејзината опременост и материјална но и кадровска мора да биде на највисоко ниво.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ буквално си поигруваат со здравјето на болните во Кавадарци но и во цела Македонија.

 

За Никола Груевски здравјето на граѓаните не беше важно, за него беа важни само тендрите и провизиите од споменици тешки 630 милиони евра.  Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на директна штета на здравјето на граѓаните. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.

 



Share

Додади коментар