СДСМ со обвинувања за директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци
06-10-2016 РЕГИОН

Од ОО на СДСМ Кавадарци на прес конференција обвинија дека директорот  на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци бил вмешан во криминал. Против него имало правосилна судска пресуда за насилство врз ученик - рече меѓу другото Митко Керов, член на извршен одбор на СДСМ Кавадарци.

 

(интегрален текст)

Скандал врз скандал се врзува за директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, но градоначалникот Панов упорно го држи на раководна позиција во установа во која што треба да се образуваат ученици!

 

Постојат сериозни индиции дека директорот на училиштето Благој Димитров е вмешан во криминал,  а најскандалозно е што против него има правосилна судска пресуда за насилство врз ученик.

 

Еве ја пресудата до која што дојдовме, со датум е од 2009 година. Директорот на училиштето, како што пишува тука, го удирал ученикот со дневник и го туркал, при што како што стои во пресудата, на детето му биле нанесени телесни повреди.

 

Димитров со помош на градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните инсталации во судот, според информациите што ги имаме, извадил фалсификат потврда дека не е осудуван и така до денес директорува со училиштето „Ѓорче Петров“.

 

Бараме надлежните органи да испитаат:

-Дали освен што има пресуда за насилство врз ученик, директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, партиски кадар на Груевски, купил трактор на наместен тендер?

-Дали Димитров од позицијата директор има проневерено 12.000 евра и продолжува нерационално да троши пари на училиштето?

-Дали директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ прави криминал со дрвата од научно наставната шума од 360 ха, сопственост на самото училиште?

 

Порачуваме дека завршува времето на криминалци и насилници и одговорност ќе има! Доаѓа време на заштитени, задоволни и мотивирани ученици и наставници.



Share

Додади коментар