„Кој го толерира хаосот со ископ на песок, кој ќе ја надомести штетата што ја трпат земјоделците со уништување на коритата и земјоделското земјиште, во чиј џеб завршуваат парите од неконтролираноито црење песок и дали меѓу профитерите има и локални моќници од владеачката ВМРО-ДПМНЕ“ овие прашања на прес конференција денеска до власта ги упати Бетиане Китев од ОО на СДСМ Кавадарци. Тој обвини дека подолго се вршел неконтролиран ископ на песок а со тоа се уништувало коритото на Црна Река и земјоделското земјиште.
„Некој се богати додека земјоделците трпат штети, се уништува земјиштето, се намалува природниот материјал и се нарушува биодиверзитетот по долината на Црна Река. Еден кубен метар песок вреди околу 800 денари. Просечно, една тура со камион од 25 кубни метри вреди околу 20.000 денари. Со само десетина тури песок дневно, месечната заработувачка може да достигне и до 90 илјади евра. Годишно тоа се повеќе од 1 милион евра. Песокот од овие реки се исцрпува дури и навечер. Што потврдува дека нешто се крие “ рече Китев на прес конференцијата и обвини дека поради неконтролираноиот ископ на песок нивото на подземни води било намалено за 6 метри, а тоа било причина земјоделците да копаат нови бунари за наводнување.
Китев побара во најкраток рок институциите да ги спроведеле законските активности за ваквата појва.
Додади коментар