Морбидноста во ВМРО-ДПМНЕ достигнува огромни размери. Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски го следат и во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ - реагираа денеска на прес конференција од СДСМ.
(интегрален текст) Додека секојдневно стотици семејства се борат со опасниот коронавирус, додека сите здравствени работници даваат се од себе во борбата против опасниот вирус, ВМРО-ДПМНЕ тера морбидна, некрофилна кампања и неодговорно работи против здравствениот систем.
Вчерашното поставување на плакат кој алудира на смрт пред Министерството за здравство од страна на претседателот на УМС Аеродром Стефан Синадиновски е уште еден морбиден, срамен чин.
Овие фотографии се уште еден доказ за морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и дното кое го допре оваа партија, која секојдневно ја руши, ја поткопува бробата против вирусот.
За неверување е дека ДПМНЕ-морбидна им се руга на семејствата кои загубиле свој член од коронавирусот, дека се радува и слави за бројот на почитани лица.
Ова не само што е политички погрешно, некоректно, ова е нечовечки. Во време на светска пандемија ВМРО-ДПМНЕ и некрофилот Мицкоски ја слават смртта, навиваат за опасниот вирус.
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, никакво право да глуми загриженост за состојбата со коронавирусот. Малку им беше тоа што ги прекршуваа мерките, што го поткопуваат здравствениот систем, сега прават и настани со кои застануваат на страната на вирусот.
Токму заради ваквиот однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја немаат довербата од граѓаните, токму заради ваквиот однос се во опозиција и уште долго ќе останат таму.

Додади коментар