Општинската организација на СДСМ Неготино денеска на прес конференција информираше дека претставници од локалната власт и од институциите се постојано присутни на терен и се во комуникација со граѓаните, со цел да се лоцираат нивните проблеми.
(интегрален текст)
Се обврзавме пред граѓаните за промени и нов начин и модел на делување , но и на забрзување на напредокот на општеството.
За таа цел веднаш после изборот на новиот престедател на ОО СДСМ во Неготино, и после назначувањето на новите членови на органите на партијата, започнуваме со теренски активности и средби со граѓаните, во маалата, во селата, во урбаните заедници.
За нас, зборот важи!
Тимови на СДСМ, придужувани од носители на партиски и јавни функции се среќаваат со граѓаните. Почетокот на ваквите средби го направивме во населено место Војшанци.
Во Војшанци средба со жителите имаа : раководтсвото на ОО СДСМ во Неготино, градоначалникот, дел од советничката група и претставници од неколку локални институции.
Разговаравме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалникот , за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите.
Сакам да ве информирам дека средбите од овој вид ќе продолжат и во иднина.
Бидејќи Заедно со граѓаните ги донесовме промените, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја.
Ги покануваме граѓаните да се приклучат, да бидат гласни, тука сме да го слушнеме нивниот глас и да делуваме.
За се она што е значајно за граѓаните, целата структура на СДСМ се става во функција за нивното успешно решавање.

Додади коментар