СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни потребите на спортистите во Кавадарци
21-12-2019 РЕГИОН

Со соопштение денеска реагираат од ОО на СДСМ Кавадарци, на вчерашната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со реновирањето на стадионот во Кавадарци...

 

(интегрален текст)  За целото десетгодишно владење, ВМРО-ДПМНЕ не инвестираше ниту еден единствен денар во Градскиот стадион во Кавадарци.

 

После толку години оваа Влада конечно реши да изврши реконструкција и ревитализација на истиот.

 

Владата предводена од СДСМ за таа цел инвестира 13.000.000 денари.

 

Наместо и ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави и поддржи овој проект, тие на истиот се противат.

 

Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажува дека воопшто не се грижи за условите за тренинг и играње на натпревари на Градскиот стадион во Кавадарци.

 

На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни потребите на спортистите во Кавадарци.

На ВМРО-ДПМНЕ му е единствено важно да ќари некаков си политички поен.

 

Овој однос граѓаните го препознаваат и поради истиот ќе бидат казнети на 12-ти април.



Share

Додади коментар