Почитувани сограѓани, Пред нас е нов изборен процес и нова шанса за подобар избор. На претседателските избори граѓаните на Република Македонија ќе изберат претседател на државата. СДСМ и здружената опозиција ќе предложат кандидат кој ќе биде вистински лидер на државата, човек прифатен од сите етнички заедници достоен и подготвен да ја води Македонија наредните пет години.
Денес Македонија се соочува со бројни и тешки проблеми на сите полиња. Проблеми кои не трпат одлагање и кои мораат да бидат решени. Економско-социјалните состојби во земјата се влошуваат во подолг временски период, кризата на почетокот се игнорираше, потоа се третираше како наша голема шанса за да денес се користи како изговор за се и сешто а најмногу за да не се презема ништо. Одговорноста за состојбите во секоја држава и припаѓа пред се на власта. Со својата одговорност, порано или подоцна ќе мора да се соочи и актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани,Државната изборна комисија го става на јавен увид избирачкиот список во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид почна на 16 февруари, а ќе трае дваесет дена, односно до 7 март 2014 година. Ве повикувам секој да го провери своето избирачко право во текот на овие 20 дена. Да не дозволиме повторно да ни се случи неправедното и неоправдано бришење од избирачкиот список, кое беше чест случај на минатите избори. Секој има право да гласа онака како што е определен.
Почитувани Кавадарчани,Бидете дел од СДСМ и здружената опозиција. Промените доаѓаат.
(интегрален текс од прес конференцијата на ОО на СДСМ Кавадарци
Додади коментар