(интегрален текст од соопштението на ОО СДСМ Кавадарци) Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти на централно и локално ниво остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Ветивме, подобрување на патната инфраструктура, и со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој.
Преку програмските ветувања на Владата, но и со посветеноста и континуираните застапувања на пратениците Даниела Колева, Лолита Ристова и Панчо Минов од нашиот регион, денес сме сведоци дека отпочна со изградба делницата Квадарци –Дреново, а исто така следува и надградба на коловозот на патниот правец Неготино-Глишиќ. Владата инвестира преку 100 милиони денари во овие 2 патни правци.
Инвестициите во патната инфраструктура продолжуваат.Регионаланата инфрструктура е наш заеднички приоритет.
Затоа по овие инвестиции, во втората половина од годината следи реконструкција и на регионалниот пат Р2137, Неготино-Дуброво-Војшанци во должина од околу 5 километри.
Ова се нашите клучни приоритети и ветувања,ова се нашите реални инвестиции денес!
Со заеднички иницијативи на локалната власт и на пратениците, а со финансиска поддршка на Владата инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се сигурен рецепт за рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на економски раст.
Градиме по план, инвестираме во проекти кои се важни за граѓаните - стои во соопштението од ОО СДСМ Кавадарци.
Додади коментар