СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ побараа одложување на изборите

Двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска преку своите лидери побараа одложување на предвремените парламентари избори поради ситуацијата со корона вирусот.

„Сликите од нашата земја да не бидат исти како оние во Кина или Италија. Потребна е посветност и ангажираност на сите. Да се однесуваме одговорно и зрело, затоа што се работи за нашето здравје и на нашите најблиски. Во вакви услови повеќе е јасно дека не дозволуваат нормално организација на избори. Сега е време секој ресурст да се стави во функција на заштита на граѓаните. Затоа во името на СДСМ да се организира лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите. За нас е прифатливо Пендаровски да ја организира оваа средба“, рече Заев.

 

Лидеорт на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во обраќање на фејсбук исто така побара одлагање на изборите.



Share

Додади коментар