Зголемената концентрација на ПМ10 честичките беше повод за реакција на ОО на СДСМ Кавадарци. Тие денеска на прес конференција ја обвинија локалната и централната власт за негрижаи погрешни политики.
Состојбата со загадувањето на воздухот во Кавадарци е сериозна и станува се поалармантна. Според официјалните податоци, загадувањето на воздухот е зголемено за 6 пати повеќе од дозволеното. Од дозволените 50 , ПМ 10 честички тие изнесуват 300. Тоа најавува дека загадувањето оваа година ќе биде многу поголемо од минатата.
Последиците се веќе видливи. Сознанијата на Светска Банка упатуваат на тоа дека цврстите честитчки се најголема причина за повеќе од 1350 смртни случаи годишно во Македонија, поради предизвикување на различни болести на дишните патишта, па дури и рак.
Загадувањето е последица на погрешните политики на власта на централно, но и на локално ниво. Не постои никаква иницијатива, ниту од локалната, ниту од централната власт за превземање на еколошки мерки за псречување на загадувањето на воздухот и намалување на штетните последици по луѓето.
За жал, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов само немо ја следи состојбата. Градоначалникот има законска обврска во соработка со државните органи во областа на здравство, животна средина и центарот за известување и тревожење, да ја извести јавноста за настанатата состојба како и за мерките што треба да се превемат на начин утврден со акт на општината. Тоа е утврдено и со закон за квалитет на амбиентален воздух и тоа според член 26, став 2.
ВО интерес на здравјето на граѓаните СДСМ бара свикување на вонредна седница на советот на општина Кавадарци на која што ќе се разговара за решавање на овој горлив проблем кој трае со години.
Локалната власт им должи одговори на своите граѓани на што се должи нивната негрижа и дали позади игнорантскиот однос се штитат нечии интереси.
Додади коментар