СДСМ до градоначалникот Панов: Каде се ветените проекти?
16-03-2017 РЕГИОН

Општинската организација на СДСМ Кавадарци се огласи со реакција на прес конференцијата на градоначалникот Александар Панов. Повторно го прашуваат каде се ветните проекти во изборната програма.

 

(интегрален текст)

Истрошениот политичар и градоначалник во заминување Александар Панов, припишувајќи си приватни инвестиции како свои заслуги, повторно не даде одговор на граѓаните на Кавадарци, каде се големите ветувања од неговата предизборна програма:
- Изградба на Аква Парк на местото на сегашниот градски базен;
- Изградба на затворен пазар и деловно-трговски центар;
- Гасификацијата на Кавадарци;
- Подземниот коридор под Илинденска;
- Комплетната реконструкција за главните улици и булевари;
- Изградба на кејот до Брушански мост;
- Соларниот град на Витачево;
и уште ред други работи кои беа ветувани во неговата програма.

 


Кавадарци денес е еден од градовите во Македонија со најлоша патна инфраструктира, како и еден од најзагадените градови со ПМ 10 честички. Кражбите во Кавадарци денес се повеќекратно зголемени од пред 10 години. Лозарите ја имаа најтешката година во историјата на виновата лоза, а Панов го немаше ни со малиот прст да помогне за нив?


Го повикуваме, следниот прес да го одржи на Северниот булевар, кој од огромните кратери е скоро непрооден за сообраќај.
Исто така, нека го наведе со име и презиме кој е градоначалникот на Кавадарци што бил од редовите на СДСМ, ако постои таков? Ако не ги знае градоначалниците на Кавадарци, може да го праша неговиот коалиционен партнер Панчо Минов.
За крај, сакаме да ги охрабриме граѓаните на Кавадарци дека доаѓа живот, слобода и правда.

 

Наскоро Македонија ќе има нова одговорна централна власт предводена од СДСМ, која ќе го врати животот во Македонија. По локалните избори, Кавадарци за прв пат во историјата ќе добие и локална власт од редовите на Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија, чиј приоритет ќе бидат развојот на Кавадарци и подобрувањето на стандардот на сите граѓани подеднакво.



Share

Додади коментар