СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Престанете со кочење на развојот на Македонија“
31-03-2017 РЕГИОН

Општинската организација на СДСМ Неготино денеска на прес конференција упати порака до ВМРО-ДПМНЕ да престанеле, како што рекоа, да го кочат развојот на земјава.

 

(интегрален текст)

 

Почитувани сограѓани, сите ние сме сведоци како во текот на изминативе денови продолжува неодговорното и расипничко однесување на луѓето од ДПМНЕ кон Македонија. Во Собранието на Република Македонија, каде на  дневен ред е точка за избор на комисијата за избори и именувања, пратениците на ВМРО ДПМНЕ се решија да спроведуваат  тактика која има за цел да го закочи работењето на Собранието. Крајна цел на пратениците на ДПМНЕ е да се одолговлечи формирањето на новата Влада која ќе ја предводи СДСМ.

Почитувани граѓани додека тие меѓусебно си реплицираат во Парламентот, ние неготинчани сеуште чекаме исплата на субвенциите за 2015 и 2016 година.

Додека го кочат Собранието и изборот на новата Влада студентите сеуште ги чекаат стипендиите.

На граѓаните на Неготино му е преку глава дојдено од дневната политика на Груевски, кој се плаши и бега од Собранието, а ги пушта пратениците да се бламираат наводно докажувајќи се меѓусебе.

Граѓаните на Неготино сакаат

-Да се укине радиодифузната такса

-Да се укине екстерното тестирање

-Да се донесе закон за минимална плата

-Конечно, Република Македонија  да може нормално да функционира.

Затоа одвовде од Неготино, ја повукуваме пратеничката во републичкото Собрание, Павлинка Честојнова, да апелира до своите колеги од ДПМНЕ, да се откажат од неодговорното однесување. Павлинка, разбудете се од сонот. Ерата на ДПМНЕ и Груевски заврши. Нема ништо страшно ако мирно ја предадете власта. Има живот и во опозиција. Престанете да го браните Никола Груевски, само тој има од што да се плаши, бидејќи го чека Идризово. Престанете да го кочите развојот на Македонија.



Share

Додади коментар