Со писмена реакција на обвинувањата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение се огласи ОО на СДСМ Кавадарци:
(интегрален текст) Вие и Вашите деструктивни политики дозволија лозарите да бидат 11 години манипулирани од страна на винарските визби.
Вие и Вашите деструктивни политики дозволија винарската визба “Стефани“ да отиде под, стечај а притоа да не им биде исплатен долгот на лозарите.
Иако знаевте во 2014 година дека долгот кон лозарите не е исплатен од страна на винарска визба “Повардарие“, дозволивте истата визба да откупува во 2015 година. Иако знаевте дека за 2014 и 2015 година лозарите си ги немаа земено парите од винарската визба “Повардарие“, вие дозволивте истоимената визба да врши откуп и во 2016 година. Со што лозарите останаа без скршен денар. Грозјето за 2014, 2015 и 2016 година и понатака остана неисплатено.
Што чекавте и кого штитевте?
Зошто дозволивте некој да си игра со маката и потта на лозарите?
Зошто не реагиравте и не ги заштитивте, туку ги оставивте три години да бидат без скршен денар?
Дозволивте нерегистрирани откупувачи да откупуваат за “Повардарие“ и “Стефани“, зошто тогаш не ги заштитивте?
Затоа, првата година основна цел во Тиквешијата ни беше, исплата на долговите од овие две винарски визби. И, да, сакате да признаете или не, се исплатија над 1 500 000 евра пари на лозарите, кои што се упишани во единствениот регистар на земјоделски стопаства во МЗШВ. А за останатите 5 % кои што не се исплатени, секојдневно се работи на измена на законското решение, бидејќи доколку земјоделец кој предал грозје во винарска визба, а притоа нема земјоделско стопаство и не е упишан во единствениот регистар за земјоделски стопаства законски нема основ како тие средства да бидат исплатени. Но ќе го решиме и овој проблем кој ни го оставивте вие од ДПМНЕ како аманет.
За дополнителната мерка 1 ден предадено грозје во регистриран преработувачки капацитет, за разлика од Вас, на барање од лозарите направивме можност после 10 години цената да се зголеми и поради тоа ја донесовме оваа мерка.Меѓутоа, ова е дополнителна мерка, а не редовна која секоја година законски се исплаќа до 30 јуни. Основните средства се исплатени, а со ребаланс на буџетот, ќе се исплати и дополнителната мерка 1 ден по килограм.
Да ве потсетиме на тригодишното неисплатено предадено грозје за 2009, 2010, 2011 година во винарската визба “Линеа“.
Да ве потсетиме на бомбастично најавената странска инвестиција на Индиската странска компанија „Сахара Индиа Паривер“ и холивудската најава на нејзиниот сопственик Субрата Рој. Да ве потсетиме на фотографиите на Груевски, Ставревски, Коњановски со Субрата Рој.
И да знаете дека ќе ве потсетиме на целото ваше лажно и манипулативно владеење.
11 години пустош!
Но ќе ги потсетиме и граѓаните, на целиот пустош кој го оставивте позади себе!
Ќе ги потсетиме на сликите од владеењето на ДПМНЕ ( Ниски оркупни цени, неисплатено предадено грозје со години, неисплатени субвенции, пуштање на стечај винарии и оставени лозари на цедило) .
Но ќе ги потсетуваме и на нашето секојдневно работење и секојдневните наши заложби кои почнуваат да даваат реазултат.
Секогаш сме на страната на лозарите. И сега сме на страната на лозарите. И ќе продолжиме да бидеме на страната на лозарите.
Зборот Важи!
Додади коментар