О.К ВМРО- ДПМНЕ од Кавадарци во својата безидејност, продолжува и понатаму да шири лажни вести и дезинформации на граѓаните. Последниот таков случај е во однос на состојбата со Тиквешкото Езеро, во пресрет на сезоната за наводнување - одговараат од ОО на СДСМ Кавадарци на денешните обвинувања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци дека го празнат Тиквешкото Езеро.
„Имено производството на електрична енергија во ХЕЦ”Тиквеш“ е прилагодено кон она што е онапред предвидено, со важечката водостопанска дозвола , со која се регулираат односите помеѓу АД “ЕСМ”- Скопје и АД “Водостопанство”- Скопје.
Котата на Тиквешкото Езеро од пред неколку дена, односно на ден 03.04.2021 година, изнесуваше 239,5 метри надморска висина и истата е со нагласен тренд на пораст во периодот кој следи.
Притоа важно е да напоменеме дека АД „ЕСМ“ – Скопје во изминатиот период, производството на електрична енергија во ХЕЦ “Тиквеш”- Кавадарци го сведе на минимум, односно се користи повремено, само во случаеви кога тоа е неопходно.
Со намалувањето на производниот процес, на почетокот на сезоната за наводнување, односно на 15-ти април, ќе биде постигната потребната кота од 240,5 метри надморска височина, со која ќе се обезбедат потребните количества вода за наводнување на лозовите насади во овој регион.
Пратениците од СДСМ во текот на наредните денови ќе оддржат средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоза и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, со земјоделските здруженија и останатите заинтересирани страни, со цел да се добие уверување дека состојбата со езерото е стабилна и нема потреба од стравување во пресрет на почетокот на сезоната за наводнување“ стои во реакцијата од ОО СДСМ Кавадарци.
Додади коментар