СДСМ: Две години од преспанскиот договор - со него се отстранија пречките за влез во НАТО и ЕУ
17-06-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од соопштението до јавноста од ОО СДСМ Кавадарци)  На денешен ден, на 17 јуни пред две години се потпиша Договорот од Преспа со што се затвори повеќедеценискиот спор со нашиот сосед Грција.

Со овој договор се затвори едно историско поглавје и се отвори патот кон развојот, добрососедството, соработката и интеграцијата во ЕУ и НАТО.

 

Договоротод Преспа ги отстрани сите пречки за интеграција во двата најсилни светски сојузи, Европската Унија и НАТО и ни ги отвори вратите кои ни беа затворени цела деценија.

 

По потпишувањето на Договорот се отвори процесот за пристапување на Република Северна Макеоднија во НАТО. По испраќање на поканата и по процесот на ратификација во сите земји челнки, во март оваа година, во услови на светска пандемија, Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО.

 

Се реализираше една од двете стратешки определби кои беа поставени уште на референдумот од 1991 година.

 

НАТО е најуспешната воена и политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Најсилна гаранција за територијалниот суверенитет, гаранција за безбедноста и стабилноста.

 

Покрај членството во НАТО, Договорот нѐ донесе чекор поблизу до ЕУ. Конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство. Во овој период се финализира преговарачката рамка, и очекуваме до крајот на 2020 година и формално да започнат преговорите за членство.

Додека Зоран Заев, СДСМ и Владата се поставија државнички и одговорно пред интересите на граѓаните, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ направија се за да го спречат напредокот и интегративниот процес.

 

За среќа, нивните деструктивни обиди за блокирање и кочење на напредокот не успеаја.

Нема да им успеат ниту обидите за враќање на државата назад во времињата на изолации и поделби - стои во соопштението.

 

 

 

 



Share

Додади коментар