Денес го прашуваме јавно, дали е точно дека тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра на сметка на граѓаните? Ако е точно, да излезе и да објасни за тоа уште еднаш што претставува душманско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна одговорност и транспарентност, сега гледаме расфрлање, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа и буквално никаква грижа за граѓаните.
СДСМ очекува во најкус рок Владата и Мицкоски да ги објават сметките и трошоците за ова патувања затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите - стои во соопштението од СДСМ.
Додади коментар