СДСМ: Го потврдивме мнозинството во кавадаречкиот совет
14-11-2017 РЕГИОН

 

(интегрален текст од писменото обраќање до јавноста на ОО СДСМ Кавадарци)

 

Во текот на вчерашниот ден беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Кавадарци, каде коалицијата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија го потврди апсолутното мнозинство во оваа институција.

 

За претседавач на Советот беше избран Ристо Сакалиев, кој како советник на независна советничка листа, се приклучи на коалицијата За Живот во Македонија предводена од СДСМ.

 

Сметаме дека претседавачот ќе биде мост и баланс помеѓу градоначалникот Митко Јанчев и мнозинството во Советот предводено од СДСМ. Во интерес на граѓаните на Кавадарци и напредокот на нашиот град, се надеваме дека ќе има соработка помеѓу Советот и градоначалникот.

 

Мнозинството во Советот, предводено од СДСМ ќе се залага да проектите кои беа дел од програмата на СДСМ за Кавадарци бидат реализирани, се во насока на подобрување на животот на сите граѓани на Кавадарци.

 

Новото мнозинство во Советот ќе работи во интерес на сите граѓани, и ќе покаже дека потребите и интересот на граѓаните на Кавадарци секогаш ќе бидат во преден план и дека Кавадарци може да стане отворена, модерна и европска општина. Општина за сите!  - стои во писменото обраќање од ОО на СДСМ Кавадарци.



Share

Додади коментар