СДСМ го потврди мнозинството во кавадаречкиот совет - Ристо Сакалиев во коалиција со СДСМ
25-10-2017 РЕГИОН

 

Десет советници ќе брои советничката група на СДСМ во советот на општина Кавадарци.Денеска на прес конференција беше потврдена коалицијата помеѓу СДСМ и независниот советник Ристо Сакалиев.

 

Советникот на СДСМ Ташо Радњански јавно пред камери му понуди соеработка на Сакалиев, а тој ја прифати.

 

„Понудата ја прифаќам. Друга понуда и немам. Црвена шарка ставија партнерите уште во кампањата. Добро е што една ваква понуда стигнува пред да заврши вториот круг. Тоа е еден чекор напред во демократијата“ рече меѓу другото Сакалиев.

 

Сега СДСМ има 10 советници, ВМРО-ДПМНЕ 8 и 1 советник на ГРОМ.

 



Share

Додади коментар