СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува несреќата на граѓаните заболени од коронавирусот
17-11-2020 МАКЕДОНИЈА
Морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно достигнува сериозни размери - велат во денешното соопштение од СДСМ.
„Додека Мицкоски глуми загриженост членот на неговиот Извршен Комитет, Вело Марковски јавно ги оспорува мерките за заштита, го поткопува здравствениот систем и навива што повеќе луѓе да се заразат.
Додека илјадници семејства се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ починатите и заболените ги сведе на статистика, на бројка за да прави настани и перформанси со кои ги злоупотребува во дневнопартиски цели.
Со таквото неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Марковски остануваат најголема закана за јавното здравје“ - стои во соопштението од СДСМ.

Додади коментар