„Скандалозно е тоа што структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција “ - реагираат од СДСМ.
(интегрален текст од реакцијата) За време на оваа криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин гледаат како им одмагаат на граѓаните.
Тие не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да грабаат од граѓаните.
Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО.
Скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Наќе Отсјај ја злоупотребува полицијата во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
Законите мора да важат за сите и за оваа злоупотреба одговороност мора да има.
Очекуваме МВР и сите надлжени институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат на јавноста кој ќе понесе одговорност.
Хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политика, тоа се морални и човечки вредности.
Ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи хуманоста. ВМРО-ДПМНЕ со нивните полициски структури нема да ја спречат македонската солидарност.
Додади коментар